Поштенски единици кои работат на ден 28 август 2026 (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
Генералниот директор на Пошта на Македонија Орхан Куртиши денес оствари работна средба со делегација на „Поштата на Албанија“, предводена од директорот Етјен Џафaј и неговите блиски соработници, Ѓерѓи Хамити, директор за комуникации и односи со јавност и Невила Бејлeри, директорка за финансиски и банкарски услуги.
Целта на посетата е зајакнување на соработката и поефикасно поврзување на граѓаните и бизнисите.
Можностите за нови услуги и подлабоко деловно поврзување се особено важни и за двете поштенски управи истакна Куртиши.
За време на престојот албанската делегација го посети и Главниот центар за поштенски сообраќај Скопје 2.
Related posts
Македонски
















