Помош за корисници
R – Препорачана пратка
Препорачана пратка е регистрирана пратка, без означена вредност, за која на испраќачот му се издава потврда за прием на пратката.
О – Откупна писмоносна пратка
Откупна пратка е регистрирана поштенска пратка со означена вредност, која се врачува на примачот со задолжителна наплата на откупниот износ во корист на испраќачот на пратката.
P - Повратница
Писмоносна пратка со повратница е пратка за која испраќачот побарува писмена потврда за врачената пратка на образец „Повратница“, која му се враќа и врачува како нерегистрирана пратка.
I – Издвоен пакет
Услуга која овозможува заштита од оштетување на пратката (пакет) чија содржина бара посебно внимание во преносот.
G - Гломазен пакет
Гломазен пакет е пакет со посебен облик и структура кој отстапува од димензиите кои се поголеми од пропишаните.
А - Авионски пренос
Услугата авионски пренос на поштенска пратка се користи по барање на испраќачот при предавањето на пратката при прием.
H – итна пратка
Итна пратка е пратка што му се врачува на примачот пред другите пратки преку достава на блиското поштенско подрачје, во работно време определено за итна достава.
U - Многу итен пакет „ургент“
Многу итен пакет е пакет што се отпрема до одредишната пошта со првите поштенско-сообраќајни врски предвидени со Општиот ред за превоз на поштенски пратки.