Share the post "Известување за прием на пратки за Соединетите Американски Држави"
Почитувани корисници!!
Ве известуваме дека Пошта на Северна Македонија, од 01.10.2026 година продолжува со прием на поштенски пратки за САД
Согласно промените и ограничувањата на Царинскате органи на САД донесени во август 2025 година, Поштенската управа на САД и тамошните Царински органи даваат иснструкции и објаснувања, кои се однесуваат на третманот на сите поштенски пратки (и нивната содржина) кои влегуваат на територија на Соединетите Американски Држави:
Претходно, испраќање производ директно до купувач/примач во САД и вредност до 800 USD, често можеше да влезе без царина и со поедноставена постапка. Од втората половина на минатата година, оваа поволност повеќе не важи за комерцијални пратки, без оглед на земјата на потекло.
Тоа значи дека испраќачите треба да очекуваат:
- повисоки трошоци за примачите во САД, бидејќи може да се наплатат царини, даноци и други увозни давачки;
- повеќе царинска документација, вклучувајќи правилна тарифна класификација, фактури и други документи;
- подолго време за царинење, бидејќи секоја пратка се обработува поформално;
- поголемо административно оптоварување за правни и физички лица што продаваат преку е-трговија (на пример, сопствена веб-продавница или онлајн платформи).
(пример: ако се продава рачно изработен накит за 150 USD на купувач во САД, порано пратката најчесто влегуваше без царина по правилото „de minimis“, сега истата пратка може да биде предмет на царина, даноци и формална царинска постапка).
Овие измени особено ги погодуваат малите и средните извозници кои испраќаат многу поединечни пратки со мала вредност до крајни потрошувачи во САД.
Со укинување на оваа поволност и поштенските пратки со стока подлежат на царински давачки и нови процедури.
Ако се испраќаат поштенски пратки со стока, тоа значи дека:
- пратката мора да има пополнета царинска декларација со точни податоци (CN22 или CN23, зависно од видот и вредноста);
- мора јасно да се наведе описот на стоката, вредноста и земјата на потекло (земја каде стоката е произведена);
- америчката царина може да пресмета царина и други давачки, дури и ако вредноста е под 800 USD.
Има една важна разлика:
лични подароци меѓу физички лица сè уште имаат ограничени поволности (под одредени услови и вредносни прагови, така што пратка адресирана до лице во САД од поединец во странска земја што содржи подарок треба јасно да биде обележана однадвор за да се покаже дека содржи подарок. Таквото означување не е убедлив доказ за подарок, ниту пак отсуството на такво означување е убедлив доказ дека предметот не е подарок. Вообичаено, артикл што не надминува 100 долари во малопродажна вредност во земјата на испорака, испратен од лице во странска земја до лице во САД ќе биде препознатлив како подарок од природата на артиклот и очигледните факти околу пратката (детален опис на предметот/предметите содржани во пратката).
комерцијалните поштенски пратки (продажба на производи) повеќе не се ослободени од царина со правилото „de minimis“.
Испраќањето комерцијални пратки кон САД преку пошта, практично функционира на следниот начин:
- Царинската декларација (CN22 или CN23) мора да биде целосно и точно пополнета.
- Детален опис на стоката (не само „gift“-подарок или „sample“-примерок);
- Количина (точен број на предмети);
- Вредност (точна вредност на секој предмет поединечно, вредноста мора да биде реална и да одговара на фактурата или продажната цена);
- Земја на потекло (земја каде стоката/предметот е произведен);
- HS (Harmonized System- Хармонизиран систем) тарифен број, ако е достапен;
Не користете општи описи како:
- Gift (подарок)
- Sample (примеро/мостра)
- Merchandise (стока)
- Clothes (облека)
- Parts (делови)
Потребно е да се користи конкретен опис, на пример:
- Cotton T-shirt (памучна маица)
- Leather wallet (кожен паричник)
- Handmade ceramic mug (рачно изработена керамичка шолја)
- Mobile phone case (футрола за мобилен телефон)
- Wooden toy (дрвена играчка) итн.
- Кој ја плаќа царината?
Вообичаено примачот во САД ја плаќа царината и евентуалните такси пред испораката или при преземањето;
- Што се случува кога пратката ќе пристигне во САД?
- Поштенскиот оператор USPS и американската царина ја проверуваат декларацијата;
- Се утврдува дали подлежи на царина и во кој износ;
- Ако има давачки, примачот се известува како да ги плати пред испораката или при доставата;
- Што е важно за извозниците на комерцијални поштенски пратки (продажба на производи)?
- Не ја потценувајте вредноста на стоката.
- Не означувајте комерцијална пратка како „Gift“-подарок за да се избегнат давачки – тоа може да доведе до задржување или санкции.
- Чувајте ја фактурата и доказот за вредноста на стоката.
5. Најчести причини за задржување или враќање на пратките
- неточен опис на содржината;
- непријавена или потценета вредност;
- недостасува царинска декларација;
- недостасувааат податоци за стоката;
- несогласување помеѓу декларацијата и содржината.
Напомена:
Кај „L tracked“ (следливи пратки) нема меѓупоштенска одговорност
UPU во своите акти за Tracked Delivery Service (Услуга за испорака со следење, следливо) изречно ја наведува услугата како:
- електронско следење;
- без потпис при достава;
- „no liability between Posts“ – нема одговорност меѓу поштенските оператори.
Тоа значи дека, ако пратка LX…, LA…, LB… итн. е испратена како Tracked Delivery, губењето на пратката не создава автоматско право на обештетување од страна на Македонска пошта кон странската пошта, ниту обратно, според системот за одговорност на UPU.
По укинувањето на de minimis“, комерцијалните поштенски пратки повеќе не се ослободени само затоа што се со мала вредност.
——————————————————————————————————-
Горенаведените инструкции се за ваше запознавање, избегнување на задржување заради подолги царински процедури како и намалување на ризик од враќање на пратката.
Пошта на Северна Македонија не прифаќа никаква одговорност за непридржувањето кон истите.
——————————————————————————————————-
АД „ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
Македонски



