Share the post "Известување за корисници поврзано со услугата мал пакет"
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека, согласно измените на актите на Светскиот поштенски сојуз (UPU) Пошта на Северна Македонија е во процедура на воведување на нова дополнителна услуга „Следливо“ L применлива исклучиво за меѓународни мали пакети.
Со оваа услуга на корисниците ќе им се овозможи електронско следење на движењето на пратката од приемот до доставата, преку единствен S10 баркод, во согласност со меѓународните стандарди на Светскиот поштенски сојуз.
Воведувањето на услугата „Следливо“ L претставува усогласување со новите меѓународни правила, според кои дополнителната услуга препорачано ракување повеќе не се применува на меѓународни мали пакети што содржат стока.
Се до воведување на оваа услуга на корисниците им е достапна услугата мал пакет во меѓународен поштенски сообраќај (обичен) кој не може да се следи.
Пошта на Северна Македонија
Македонски




