Share the post "Пошта на Северна Македонија учествува на сесијата на Советот за поштенски операции на УПУ во Берн"
Делегацијата на Пошта на Северна Македонија, составена од генералниот директор Орхан Куртиши и раководителот на Секторот за економски и финансиски работи Исмаил Мислими, учествува на сесијата на Советот за поштенски операции (POC) на Светскиот поштенски сојуз (УПУ), која се одржува од 19 до 23 октомври 2026 година во Берн, Швајцарија.
Програмата на сесијата опфаќа значајни прашања за развојот на меѓународниот поштенски сектор, со фокус на синџирот на снабдување, физичките поштенски услуги, како и дигиталните, финансиските и одржливите услуги. Во текот на неделата се предвидени состаноци на комисиите, тематски форум и пленарни седници на Советот.
Учеството на оваа сесија овозможува размена на искуства со претставници на поштенски оператори од различни земји, следење на современите текови и зајакнување на меѓународната соработка.
Пошта на Северна Македонија се стреми искуствата и сознанијата од овие дискусии да придонесат кон модернизација на услугите, подобрување на квалитетот и развој на поефикасна и поодржлива поштенска мрежа.
Македонски





