Во периодот од 21.07. до 23.07.2026 година, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се соочи со технички прекин во функционирањето на дел од оперативните системи, што привремено влијаеше врз извршувањето на технолошките процеси и обезбедувањето на одделни поштенски услуги.
Веднаш по утврдувањето на проблемот беше активиран надлежниот сектор, кој превзема активности за негово отстранување и за повторно воспоставување на функционалноста на системите. Системите се ставени во функција на 24.07.2026 година По нивното ставање во функција, Друштвото започна со приоритетна обработка на заостанатите пратки и постепено нормализирање на поштенскиот сообраќај.
Настанатиот прекин претставуваше вонреден технички настан, кој не беше резултат на планирана активност или намера за ограничување на обезбедувањето на поштенските услуги.
Related posts
Македонски




