Почитуван Претседател на Владата на Република Северна Македонија, господин Христијан Мицкоски,
Почитуван Заменик-претседател на Владата и министер за транспорт, господине Александар Николоски,
Почитуван Прв заменик-претседател на Владата и министер во Министерството за европски прашања, господине Беким Сали, Почитувани претставници од влада ,функционери,
Почитувани медиуми, почитувани присутни…
Денес е важен ден за Поштa на Северна Македонија, како и за нејзините вработени! Со помош на Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт, за потребите на нашата институција добивме донација од 100 транспортни возила, од кои 90 автомобили (пикап) и 10 комбиња!
Оваа поддршка, значително ќе ја подобри секојдневната работа во нашата институција, овозможувајќи им на граѓаните поквалитетни услуги.
Со преземањето на мојата должност како генерален директор, ја анализирав целокупната состојба, при што видов многу потреби – како во инфраструктурниот аспект и условите за работа, така и во кадровскиот дел! Овие теми континуирано ги дискутирав со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, кај кои наидов на разбирање и отворена врата за соработка. Недостигот на транспортни средства беше една од најочигледните точки што ни создаваше постојани проблеми во секојдневното функционирање!
Во оваа прилика, сакам да истакнам еден факт! Во последните десет години немало ваква сериозна посветеност на Владата кон нашата институција. Поради тоа, сакам да му се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот Александар Николоски, на првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали и на Владата на Република Северна Македонија.
Со оваа поддршка, денес значително ја подобруваме поштенската инфраструктура, олеснувајќи го извршувањето на поштенските услуги побрзо и поефикасно.
Но, нашата посветеност и капиталните инвестиции нема да изостанат.
Ние стоиме зад нашите програмски ветувања за модернизација на Пошта , преку подобрување на поштенската инфраструктура, обновување на кадарот и подобрување на условите за работа.
Од една институција која во минатото била заборавена , ќе го вратиме интересот за Пошта.
Заедно со Владата во ниту еден момент нема да ја запреме нашата посветеност кон остварување на нашите цели!
Ви благодарам!
Македонски









