Известување
Share the post "Работна средба со јапонската амбасадорка во Македонија"
Генералниот директор Орхан Куртиши и заменик генералниот директор Николчо Угринов денес остварија работна средба со јапонската амбасадорка во Македонија Сецуко Кавахара, која изрази благодарност за поддршката при реизборот на генералниот директор на Светскиот поштенски сојуз Масахико Метоки. Во оваа прилика амбасадорката Кавахара изрази подготвеност да се заложи за обезбедување помош за Македонска пошта, која би се искористила за зголемување на ефикасноста на компанијата и намалување на трошоците.
Генералниот директор Куртиши рече дека соработката помеѓу двете земји ќе се продлабочи во иднина и се надева на помош од Светскиот поштенски сојуз.
Related posts
Македонски




