Share the post "Учество на 24-от Јавен состанок во организација на Агенцијата за пошти"
Генералниот директор Орхан Куртиши и членовите на Управниот одбор Бојан Кереместески, директор за поштенски операции и Даница Јованова – директор за економски и финансиски работи присуствуваа на 24-от Јавен состанок што го организира Агенцијата за пошти.
Целта на ваквите состаноци е да се презентира состојбата на поштенскиот пазар, но и да се запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.
На состанокот свое излагање имаше и министерот за транспорт и врски Александар Ноколоски кој рече: „Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот.
Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на Јавниот состанок на Агенцијата за пошти.


Македонски





