Донација од 146 куќишта и 142 монитори, денес во Главниот центар за поштенски сообраќај Скопје 2, му беа предадени на генералниот директор на Пошта, Орхан Куртиши, од страна на Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халк Банка.
На примпредавањето на донацијата присуствуваa и Заменик – генерален директор на пошта, Николчо Угринов, директорот на Секторот за информатичка технологија на Пошта Дејан Николовски и директорот на Сектор за информациски системи на Халк Банка, Дејан Петкоски.
Оваа донација во ИТ опрема од страна на Халк Банка ќе помогне за непречено одвивање на работниот процес во поштите низ Македонија, како и за подобрување на квалитетот на работа.
Генералниот директор Куртиши се заблагодари на донацијата од Халк Банка и истакна дека примарната цел се задоволни корисници од услугите кои ги нуди Пошта.