Share the post "Лажни информации и злоупотреба на името на Пошта на Северна Македонија"
Почитувани,
Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон со невистинита содржина.
АД „Пошта на Северна Македонија “ не стои зад овие известувања. Секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и подлежи на кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
Ви благодариме што го пријавувате секој обид за злоупотреба на Пошта.
За сите информации во врска со вашите пратки и работењето на Пошта, ве молиме да го посетите нашиот официјален веб-сајт www.posta.com.mk.