Основната бруто плата на вработените на Пошта на Северна Македонија ќе се зголеми за 10%, почнувајќи со исплата на платата за месец септември 2023 год.
Ова беше решено на денешната седница на Управниот одбор во согласност со одлуката за усогласување на Колективниот договор на Компанијата со член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор.
И покрај тоа што оваа одлука претставува дополнителен товар, Управниот одбор, заедно со генералниот директор Абази, верува дека новите активности кои ги предвидуваат ќе придонесат за развој и враќање на угледот на Пошта на Северна Македонија.
На големо задоволство на сите вработени, одлуката ја потпишаа генералниот директор, м-р Бујаре Абази и претседателите на репрезентативните синдикални организации по успешните преговори меѓу двете страни.
Овој чекор претставува поттик и мотивација за вработените да го дадат својот максимум за доброто на Компанијата.