Share the post "Признание за АД „Пошта на Северна Македонија“ од Агенција за пошти"
На 20—от јавен состанок на Агенцијата за пошти, кој се одржа на 23 мај 2023 год, на генералниот директор на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази и беше доделено признание за доближување на поштенското работење на пошироката јавност преку презентирање на добрите практики и примери за успешно работење.
Ова е поттик за сите вработени во компанијата и награда за сите вработени. Во свое име и во име на вработените ви се заблагодарувам на признанието за АД „Пошта на Северна Македонија“, како давател на униврзалната услуга на цела териториј на Државата, рече м-р. Абази.
Продолжуваме да работиме во интерес на нашите корисници, креирајќи услуги кои се во тренд на времето во кое живееме. Ваквите јавни состаноци во организација на Агенцијата за пошти се можност да се презентираат состојбите на поштенскиот пазар, како и предизвиците со кои секојдневно се соочуваме, потенцираше генералниот директор Абази.
На јавниот состанок се разгледуваше и Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2022 год., и реализираните и планирани активности за 2023 год. на Агенцијата за пошти.