Share the post "Повторно воспоставенa услугата прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки за САД"
Почитувани корисници,
Пошта на Северна Македонија, од среда 15.03.2023 година, повторно започнува со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до 2 кг. кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави.
За навремено пристигнување на вашите пратки во одредишните земји ширум светот, уште еднаш сакаме да ве потсетиме на обврската за точно и прецизно пополнување на царинска декларација образец CN 22/23. (Начинот на пополнување е даден на нашата веб страна).
Напоменуваме дека, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот.