Share the post "Зградата на Пошта која е дел од светските енциклопедии на брутализмот и официјално стана потврдено европско наследство."
Со влегувањето на објектот на #ПоштаМК на листата на 7-те најзагрозени на „Европа Ностра“, го ставаме на виделина нашето европско наследство во опасност, подигнуваме свесност и го трасираме патот кон одржлива иднина на избраните локалитети.
Зградата на Пошта која е дел од светските енциклопедии на брутализмот, од вчера е потврдено европско наследство. Нека тоа биде мотив за сите нас, и симбол за создавање на нова енергија, нов импулс, затоа што заштитата на културното наследство не значи само зачувување на минатото туку и обликување на иднината.
Избраните 7 најзагрозени локалитети добиваат грант за наследство од ЕИБ Институтот, до 10.000 евра по локалитет. Висината на помошта може да ја толкуваме како симболична, но за нас е многу важна, затоа што вчерашниот избор е најдобарата апликација кон европските фондови.
Не смееме повеќе да дозволиме нашата негрижа да биде пострашна од пожарот. Овој почеток нека биде поттик за мобилизирање на потребната јавна, стручна, меѓународна, но и поддршка од приватниот сектор. Солидарноста на секој чинител мора да биде катализатор за достигнување на крајната цел.
– заедничка презентација на генералниот директор Јани Макрадули, ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир, Благица Стојчевска – член, главен консултатнт на проектниот тим и Сузана Касовска Георгиева, заменик генерален директор на Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ)