Share the post "Ден на Поштата на Северна Македонија Обраќање на генералниот директор Ејуп Рустеми"
Почитувани колеги,
Дозволете ми како генерален директор да ви го честитам Денот на поштенските работници 22 април.
Традицијата на која сме особено горди, ја продолжуваме и оваа година, во услови кога сите ние, се соочуваме со пандемија од светски размери, а најпогодени сте вие почитувани колеги кои сте постојано на своите доставни реони, шалтери, на своите работни места.
Искрено се надевам дека и овој предизвик, поставен пред сите нас успешно ќе го завршиме, најнапред, да го сочуваме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, бидејќи ако сме одговорни кон себе сѝ, одговорни сме и кон другите.
Вие, нашите вработени сте лицето на Пошта. Вие ја правите компанијата да биде успешна и почитувана кај нашите корисници. И, поради тоа, вашата безбедност секогаш ќе биде на прво место.
Со почит,
Ејуп Рустеми
Генерален директор