Делегација на Пошта на С.Македонија на Конгрес на Светскиот поштенски сојуз
Почитувани,
Поради ширењето на Корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.
Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период.
Поради тоа, ги молиме корисниците на услугите на Пошта на Северна Македонија за разбирање, а за сите промени навремено ќе ве известиме.
Пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.
Related posts