Share the post "Одбележување на денот на поштенските работници 22 април"
Одбележување на денот на поштенските работници 22 април
Традиционално секоја година на 22 април,на денот на поштенските работници на Северна Македонија,вработените што имаат 15 и 30 години стаж во компанијата добиваат симболични парични награди.
“Денес,кога го славиме денот на поштенските работници на Северна Македонија, чест е и задоволство да ве поздравам и да ви посакам среќен празник.Во оваа прилика, почитувани колеги,јас само сакам да ве потсетам за тоа што ние познато на сите дека, иднината на Поштата на Северна Македонија сте вие вработените што ја правите оваа компанија успешна и профитабилна.Верувам дека ја имаме истата цел и предизвик,а тоа е Македонска пошта.Сите заедно можеме да ги постигнеме нашите цели”,истакна генералниот директор на Македонска пошта Ејуп Рустеми во своето излагање по повод прославата на вработените.