Share the post "Македонска пошта – домаќин на работниот состанок за квалитет на услугите на Post Europ"
Во организација на Post Europ, денес и утре Македонска пошта е домаќин на состанокот за квалитет на поштенските услуги. Подобрувањето на квалитетот на услугите е клучниот фактор за зајакнување на довербата помеѓу корисниците и операторот. Претставници од европските поштенски управи, експерти од Светскиот поштенски сојуз ќе разменат мислење и ќе ги споделат искуствата – како до подобра и поквалитетна услуга. Ова е можност да се споделат најдобрите искуства и да се имплементираат во сопствените поштенски управи, рече Мајра Лоди, оперативен менаџер на Post Europ. На присутните им се обрати и генералниот директор Фаадис Реџепи кој во оваа прилика истакна: „ Квалитетот на услугата е принципот кој го следи и Македонска пошта, заедно со своите партнери од Post Europ, а со цел да постигнеме повисок квалитет на услугата во интерес на нашите корисници.
Големото семејство на PostEurop, Светскиот поштенски сојуз и соработката помеѓу различните поштенски управи им овозможува и на помалите управи да не се чувствуват мали. Тоа задоволство ни припаѓа и нам во Македонска пошта.
Посебно ми е драго дека Македонска пошта е прва поштенска управа во Европа и трета во светот која IPS системот го надогради и го префрли во Cloud решение на Светски поштенски сојуз“ заклучи Реџепи.
На работниот состанок учествуваат 40 учесници од над 20 поштенски управи.