Во врска со написите од социјалните мрежи, а коишто ги пренесуваат дел од порталите – На фискалните од „Македонска пошта“ пишува дека сте купиле зеленчук?!, сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за редовни поштенски марки, на тема зеленчук. На истата тема зеленчук, според Програмата за издавање на поштенски марки за 2017 год., издадени се поштенски марки со мотив на: кромид,грав, боранија, цвекло, тиквичка, домат, пиперка, морков.
Бирото за филателија на Македонска пошта издава редовни и пригодни поштенски марки на различни теми кои се одобрени од Советот за издавање на поштенски марки, а кои се употребуваат за плаќање на поштенски услуги во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај.
Related posts