Пошта на Северна Македонија го одбележа 250-годишниот јубилеј од независноста на Соединетите Американски Држави со издавање на пригодна поштенска марка
Share the post "Претставници од Словенечка пошта во посета на Македонска пошта"
Делегација на Словенечка пошта предводена од директорот за меѓународни односи Марјан Освалд, денес оствари средба со менаџерскиот тим на Македонска пошта. Целта на посетата е пренесување на искуства од Словенечка пошта во делот на меѓународниот поштенски сообраќај, со посебен осврт на имплементирање на новите стандарди и правила при царинење на поштенските пратки во меѓународниот поштенски сообраќај. За таа цел, пред вработените од компанијата беа презентирани новините имплементирани во работењето на Словенечка пошта.
Related posts
Македонски
Shqip




