Share the post "Македонска пошта за првпат добива сертификат за квалитет на услугата"
Сертификат на Светскиот поштенски сојуз (СПС) за квалитет на услугата за првпат му беше врачен на генералниот директор на АД „Македонска пошта“ г. Фаадис Реџепи на свечената церемонија на 26-от Конгрес на Светскиот поштенски сојуз што се одржува во Истанбул, Република Турција.
Ова е доказ дека Македонска пошта се движи во добра насока, истото воедно е и дополнителна мотивација за вработените и менаџерскиот тим на Македонска пошта за продолжување со понатамошно развивање на услугите. Развојот на нашите услуги е добар бенефит за нас, нашите корисници и за поштенските управи од другите земји.
Процесот за добивање на Сертификат беше спроведен според методологијата за сертификација и стандардните практики за ревизија на СПС.
Сертификатот за квалитет се доделува врз основа на извештајот на консултантот на СПС Ела Челик која во периодот од 29 јуни до 1 јули беше во посета на Македонска пошта и изврши проценка за квалитетот на услугата.