Денес на 5 август 2016, во присуство на градоначалникот на Општина Тетово, генералниот директор на Македонска пошта г. Фаадис Реџепи ја отвори новата поштенска единица во Тетово.
Во ова прилика генералниот директор Реџепи истакна:
„Би сакал да го изразам моето задоволство што сме тука за да отвориме нова поштенска единица во општина Тетово и во исто време сакам да и се заблагодарам на г-ѓа Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово за одличната соработка помеѓу општината и нашата компанија, а потврда за тоа е и нејзиното присуство денес, што е од особена важност за нас како компанија и за нашите корисници.
Нашата цел како менаџмент на АД „Македонска пошта“ е да бидеме поблиску до корисниците, да им овозможиме на полесен начин да имаат пристап до поштенските услуги. Нивните потреби претставуваат најдобар паткоз за вистинска насока за развој на нашата компанија.
Оваа поштенска единица е 28 во состав на Центарот за регионален поштенски собраќај на Пошта Тетово, а бидејќи Тетово е универзитетски град има потреба од добро организирана и функционална пошта, каде освен поштенски услуги, барњата се големи и за услуги од платениот промет, потенцираше генералниот директор Реџепи и продолжи, оваа поштенска единица ќе работи како шалтерска пошта во една смена. Сакам да напоменам дека поштенската единица ги исполнува просторните услови во иднина и во зависност од потребите да се трансформира во доставна пошта од која ќе се организира процесот на достава во еден дел од Тетово, заклучи во своето обраќање генералниот директор Реџепи.
Новата пошта се наоѓа во близина на градската матична служба, центарот за технички преглед на возила како и на поголем број на фирми во Тетово.
Регионалниот центар за поштенски собраќај Тетово со своите 150 вработени од кои околу 55 поштари постојано се меѓу граѓаните на Тетово, ги следи барањата и потребите на своите корисници, а во исто време одговора и на предизвиците на пазарот.
На денешното свечено отворање на новата поштенска единица пред присутните се обрати и градоначалникот на општина Тетово г-ѓа Теута Арифи која во оваа прилика рече: „Им се заблагодарувам на вработените кои секогаш се отворени за соработка, и постојано ќе ја имаат нашата поддршка за сите идни проекти, и потенцираше дека брзината и квалитетот на услугата е многу важна за задоволни корисници. Ми претставува задоволство секогаш како општина да даваме поддршка на проекти и активности кои се од особена важност за доброто на жителите на општината.