Share the post "Промоција на мопеди за пошторазнесувачите на Македонска пошта"
Со цел да се подобри квалитетот на услугите и условите за работа
АД „Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема за пошторазнесувачите.
Мопедите се наменети за достава на поштенски пратки пред се во рурални средини со ридско планинска конфигурација на терен и средини со рамничарска конфигурација на терен во кои пошторазнесувачите поминуваат подолги релации.
Moпедите се со препознатливата жолта боја на Македонска пошта, со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 кг. по сандаче.
Очекуваме со набвката на мопедите значително да се подобри квалитетот на доставата. Во оваа прилика генералниот директор на Македонска пошта рече:
„Опремувањето на Македонска пошта има за цел подобрување на условите за работа, подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на капацитетите кое ќе продолжи и во иднина, со цел да имаме задоволни корисници, а со тоа и успешна компанија.