Share the post "Програма за подобрување на ЕМС услугата подготвена од Кооперативата за ЕМС"
Во периодот од 9 до 13 февруари во Македонска пошта престојуваше регионалниот координатор за Европа и ЕМС менаџер за грижа со корисниците од ЕМС кооперативата на Светскиот поштенски сојуз, Кармен Бернандино.
Целта на работниот состанок со вработените од ЕМС службата на Македонска пошта беше подобрување на квалитетот на ЕМС услугата согласно стандардите на ЕМС кооперативата и задоволни корисници.
ЕМС кооперативата има 177 членови меѓу кои и Македонска пошта и целта е да им се помогне на поштенските оператори да ги постигнат своите цели преку подобрување на квалитетот на ЕМС услугата и грижа за корисниците.
Во изминатата недела беа остварени работни средби со вработени од ЕМС службата во Главниот центар за поштенски сообраќај Скопје 2, беше посетена изменичната пошта 1008, карго центарот на Аеродромот, царината во Пошта Скопје 2, а беше извршена и обука на вработените од ЕМС службата.
„Утврдив каде треба да се направат подобрувања и оваа недела активно работевме како да се подобри квалитетот. Се надевам дека во блиска иднина Македонска пошта ќе биде добитник на едно од признанијата за квалитет (златна, сребрена или бронзена диплома) што ЕМС кооперативата на Светскиот поштенски сујуз ја доделува на поштенските управи, рече Кармен Бернандино.
Работната недела заврши со презентација на изработениот Акциски план за Македонска пошта и насоките за подобрување на ЕМС услугата согласно стандардите на ЕМС кооперативата на Светскиот поштенски сојуз.