Поштенски единици кои работат на ден 19.01.2026 година

На ден 19 јануари 2026 година (понеделник), Богојавление (Водици), неработен ден за припадниците од православна вероисповед, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл. Весник 21/98 и 18/07),  АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје организира работење на поштенски единици во надлежност на следните подружници: – ЦРПС Скопје 1; – ЦРПС Куманово; – ЦРПС Тетово;…

Работна средба со јапонската амбасадорка во Македонија

Генералниот директор Орхан Куртиши и заменик генералниот директор Николчо Угринов денес остварија работна средба со јапонската амбасадорка во Македонија Сецуко Кавахара, која изрази благодарност за поддршката при реизборот на генералниот директор на Светскиот поштенски сојуз Масахико Метоки. Во оваа прилика амбасадорката Кавахара изрази подготвеност да се заложи за обезбедување помош за Македонска пошта, која би…

Известување

Ве известуваме дека Пошта на С. Македонија нема опција за онлајн електронска наплата при прием на пратки. Поради тоа, секое барање за онлајн наплата во име на Пошта на Македонија претставува класична злоуптреба.

За сите информации во врска со Пошта ве молиме посетете ја нашата официјална веб страна www.posta.com.mk.

Работно време на поштенски единици на ден 06.01.2026 година

На ден 6 јануари 2026 година (вторник), Бадник, ден пред Божик, неработен ден за припадниците од православна вероисповед, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл. Весник 21/98 и 18/07),  АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје организира работење на поштенски единици во надлежност на следните подружници: – ЦРПС Скопје 1; – ЦРПС Куманово; –…

РЕАКЦИЈА во врска со изјавите на СДСМ

АД „Пошта на Северна Македонија“ остро реагира на последните изјави на СДСМ, кои содржат неточни, тенденциозни и политички мотивирани тврдења во врска со постапката за избор на економски оператор за одржување на хигиената во објектите на Поштата. Овие наводи претставуваат свесен обид за дезинформирање на јавноста и дискредитирање на институција која работи исклучиво во согласност…

РЕАКЦИЈА по повод изјавите на СДСМ

АД „Пошта на Северна Македонија“ најостро реагира на изјавите и обвинувањата изнесени од страна на СДСМ, кои содржат неточни, тенденциозни и политички мотивирани тврдења во врска со постапката за избор на економски оператор за одржување на хигиената во објектите на Поштата. Овие наводи претставуваат обид за свесно дезинформирање на јавноста и грубо извртување на фактите,…

Промовирана поштенска марка по повод сто години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ

Благодарен сум што денес можам да ја претставам поштенската марка посветена на стогодишноната од раѓањето на Алија Изетбеговиќ, рече генералниот директор Орхан Куртиши на денешната промоција и додаде  „неговата мисла дека секој човек има право да живее во слобода и дека таа слобода е извор и на сите други универзални вредност на човештвото, како што…

Учество на 24-от Јавен состанок во организација на Агенцијата за пошти

Генералниот директор Орхан Куртиши и членовите на Управниот одбор Бојан Кереместески, директор за поштенски операции и Даница Јованова – директор за економски и финансиски работи присуствуваа на 24-от Јавен состанок што го организира Агенцијата за пошти. Целта на ваквите состаноци е да се презентира состојбата на поштенскиот пазар, но и да се запознае јавноста со…

Работна средба со претставници на Поштата на Албанија

Генералниот директор на Пошта на Македонија Орхан Куртиши денес оствари работна средба со делегација на „Поштата на Албанија“, предводена од директорот Етјен Џафaј и неговите блиски соработници,  Ѓерѓи Хамити, директор за комуникации и односи со јавност и Невила Бејлeри, директорка за финансиски и банкарски услуги. Целта на посетата е зајакнување на соработката и поефикасно поврзување…

Презентација на нов скенер за поштенски пратки – донација од Канцеларијата на ООН за дрога и криминал

Нов скенер за поштенски пратки, донација од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, денес беше презентиран во ГЦПС Скопје 2 – царина.  Генералниот директор Орхан Куртиши се заблагодари на претставниците на земјите донатори  на опремата   (САД, Франција, Велика Британија, Германија и Шведска) како и на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал…