Делегација од Турска пошта во работна посета на Македонска пошта

Делегација на Турска пошта задолжена за проектот за развој на електронска трговија помеѓу двете поштенски управи денес ја посети АД „Македонска пошта„ – Скопје. Оваа посета следува по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу генералниот директор на Македонска пошта г. Фаадис Реџепи и генералниот директор на Пошта Турција г. Кенан Бозгејик, во Истанбул, месец октомври…

Соопштение до корисниците на Македонска пошта

Поради натписите кои се појавија во дел од електронските медиуми, а во врска со информацијата дека вработените од Македонска пошта се испратени на принуден одмор, сакаме да ги информираме нашите корисници дека во ниту еден момент не е доведено во прашање работењето на поштенскиот сообраќај во Државата. Сите подружници на Македонска пошта и единиците на…

Најмладите од детската градинка „Бисери“ во посета на Македонска пошта

Денес Македонска пошта ги отвори вратите за најмладите од детската градинка „Бисери“. Нашите денешни другарчиња се дружеа со нивниот нов пријател, чичко поштар за кого имаа безброј прашања. Како се адресира писмо, каде треба да се испрати, дали треба да има поштенска марка, што е поштенското сандаче – беа само дел од прашањата кои му…

Трето место за поштарите на 45-та Балканијада во брзо одење

На 30-ти октомври во Карас, Република Турција се одржа 45-та Балканијада во брзо одење за пошторазнесувачите од Балканот, на која учествуваа и претставници од Македонска пошта. Учесниците во машка и женска конкуренција се натпреваруваа во трка на 10 и 5 км. Во конкуренција на пошторазнесувачите од Турција, Албанија, Косово, Бугарија, Романија и Босна и Хецегоивина,…

Македонска пошта и Турска пошта потпишаа меморандум за соработка

Денеска 07.10.2016 во Истанбул – Република Турција генералниот директор на Македонска пошта г. Фаадис Реџепи и генералниот директор на Турска пошта г.Кенан Бозгејик потпишаа Меморандум за деловна соработка помеѓу двете компании. Страните се согласија да ги зајакнат компаративните предности во сите подрачја од работењето во заеднички интерес особено преку размена на искуства. Посебен акцент од…

Традиционален поштенски маратон под покровителство на Македонска пошта

Поштенскиот маратон под покровителство на Македонска пошта и градот домаќин Прилеп, оваа година по вторпат ќе се одржи на 9-ти октомври, Светскиот ден на поштата. Ова е една од активностите на Македонска пошта за одбележување на меѓународниот поштенски ден и има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и…