Share the post "Промовирана поштенската марка „Кедев 14-те највисоки врвови“"
Во чест на македонскиот кардиолог, доктор по медицински науки, алпинист д-р Сашко Кедев, првиот Македонец кој ги искачил сите 14 врва повисоки од 8000 метри, Пошта на С.Македонија издаде поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“.
Вие не инспирирате не само како медицински авторитет, алпинист, туку како човек . Затоа, задоволството е големо, да се биде овде со Вас кога ја промовираме поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, која верувам дека ќе ги освои срцата не само на колекционерите на поштенски марки туку и на сите граѓани. Бидејќи марките се нашиот амбасадор во светот. Тие ја претставуват нашата култура, традиција и нашите успеси на кои се гордееме, рече Бојан Кереместески, директор на Сектор за поштенски операции, промовирајќи ја марката.
За д-р Кедев, кој се заблагодари за издавањето на поштенската марка, искачувањето на седумте највисоки врвови на секој континент и 14-те врвови над 8.000 метри на светот се смета за национален успех, а не за личен. Неговата порака до младите е да не се плашат и никогаш да не се предаваат.
Автор на поштенската марка е Сара Манчевска, издадена е во тираж од 6000 примероци, а номиналната вредност е 36 ден.
Македонски








