Посета од страна на високи претставници на Тему
Share the post "Известување за корисници за работното време на поштенски единици на подрачје на град Скопје на 29 и 30 ноември 2023"
По повод Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, а имајќи ја предвид големината и значењето на настанот и посебните мерки и сообраќаен режим кои ќе бидат воведени на територијата на град Скопје, врз основа на заклучок на Влада на Република Северна Македонија се утврдува следново:
- На ден 29 ноември 2023 година (среда), Поштенските единици: 1020 Скопје Карпош; 1103 Скопје 3 ;1105 Скопје 5; 1109 Скопје 9; 1111 Скопје 11; 1119 Скопје 19; 1125 Скопје 25; 1131 Скопје 31 и 1139 Скопје 39, треба да завршат со работа во 12 часот.
- На ден 30 ноември 2023 година (четврток) поштенските единици од точка 1 на известувањето нема да работат.
- Останатите единици на подрачје на град Скопје во надлежност на Подружница ЦРПС Скопје 1 и Пошта 1000 Скопје ќе работат согласно утврденото работно време.
- Преземање на пратки од деловни простории на корисници и достава на ЕМС пратки и бизнис пратки која се извршува со возила на 29 ноември ќе се организира заклучно со 12 часот, а на 30 ноември 2023 година треба да се организира согласно сообраќајниот режим кој ќе биде воведен, имајќи ја предвид препораката на Владата за приватниот сектор особено за подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски “ и хотелот „Александар Палас“.
Related posts