Основи за поднесување на рекламација
Корисник на поштенски услуги (испраќач или примач на поштенска пратка) може да поднесе рекламација во поштенска единица каде ја има предадена пратката, или во која било друга поштенска единица доколку смета дека:
– поштенската пратка не е доставена на примачот;
– поштенската пратка е оштетена, ограбена или недостасува дел од содржината;
– поштенската пратка е доставена со пречекорување на предвидениот рок за достава;
– поштенската пратка се враќа на испраќачот без наведени причини.
Рекламацијата се поднесува во писмена форма на образец кој се издава во поштенската единица.
Рок за поднесување на рекламации
Корисник – испраќач на поштенска пратка има право да поднесе писмена рекламација во рок од:
- три месеци, од денот на испраќањето на пратката, за пратки од внатрешен поштенски сообраќај и
- шест месеци, од денот на испраќање на пратката за пратки од меѓународен поштенски сообраќај.
Корисник – примач на поштенска пратка има право да поднесе рекламација за примените пратки во случај на оштетување или намалување на содржината на поштенската пратка и тоа:
– веднаш, ако оштетувањето е видливо од надвор или
– во рок од 24 часа од приемот на поштенската пратка ако оштетувањето не е видливо однадвор, под услов да докаже дека оштетувањето или намалувањето на содржината на поштенската пратка настанало пред нејзиното врачување.
Рекламациите за изгубени препорачани пратки, пратки со означена вредност и пакети, корисникот ги покренува врз основа на потврда за прием на пратка.
Рекламациите за оштетени препорачани пратки, пратки со означена вредност и пакети, корисникот ги покренува со поднесување на увид на пратката на која се однесува рекламацијата.
Правото за надомест на штета, корисникот на поштенски услуги го остварува исклучиво врз основа на поднесена писмена рекламација и писмено барање за надомест на штета во поштенската единица каде е предадена пратката или во која било друга поштенска единица. Доколку корисникот на поштенските услуги не поднел рекламација во предвидениот рок го губи правото за надоместок на штета.
Приговорите поднесени на веб страната не претставуваат рекламации и основ за остварување на правото за надомест на штета на корисниците на поштенски услуги, согласно Законот за поштенските услуги.
Рок за решавање на рекламации
- 30 дена од денот на поднесување на рекламација за пратки од внатрешен поштенски сообраќај и
- Два (2) месеца од денот на поднесување на рекламација за пратки од меѓународен поштенски сообраќај.