АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, во своето работење се води од принципите за грижа за своите корисници и понуда на квалитетни услуги, така што на своите корисници на услуги им ги нуди најдобрите решенија за нивните потреби.
За АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, грижата за своите корисници на услуги, почитување на нивната приватност и заштита на нивните лични податоци кога истите се обработуваат, се врвен приоритет.
Оваа политика за приватност, објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, како и за обработка на личните податоци која ја вршиме кога користите некоја од нашите услуги.
Ние ги собираме само оние податоци кои се неопходни за да ја оствариме нашата дејност, согласно закон, а притоа се ангажираме да Ви ги обезбедиме најдобрите услуги кои ги нуди Друштвото.
Кој е контролор на лични податоци?
Контрололор на лични податоци е АД„Пошта на Северна Македонија“- Скопје, со седиште на ул.„Орце Николов“ број 46, 1000 Скопје.
Можете да не контактирате на:
e-mail: info@posta.com.mk
Веб страна: www.posta.com.mk
Телефон: 02/ 3105105 / 02/3105122
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, во своето работење е целосно посветена на заштита на Вашите лични податоци кои ги обработува, како и на целосно и транспарентно почитување и заштита на приватноста на физичките лица – субјекти на личните податоци.
Личните податоци АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги обработува во целост во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и во согласност со останатите закони кои ги применува во своето работење, така што во секој случај се почитуваат и применуваат сите начела поврзани со обработка на личните податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
Чии податоци собираме?
Ние собираме/ обработуваме податоци поврзани со следните категории на субјекти на личните податоци (физички лица):
-Посетители на нашата интернет страна
Вообичаено собираме податоци за навигација, кои се користат за анализирање на податоците од посетата на веб страната и за одржување на информациската сигурност на нашата веб страна
– Физички лица корисници на услуги, како и обработка на податоци за клиенти на банката со која имаме склучено договор за соработка и обработка на податоци во РЕ за Хибридна пошта за потребите на корисниците на услуги во РЕ за Хибридна пошта.
– Лица кои согласно Законот за поштенските услуги поднесуваат рекламациоона постапка
– Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација:
При посета на нашата веб страна за секој посетител сер креираат логови со следните податоци:
(Вашата интернет протокол адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел, вашиот оперативен систем, видот на пребарувачот plugins и верзија, страните кои ги посетувате на нашата веб страница и времето кое го минувате на секоја страна , URL на страницата која Ве префрлила на нашата веб страна и во некои случаи термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на АД„Пошта на Северна Македонија“- Скопје, јазикот на пребарувачот кој го користите, Држава – се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат, освен доколку околностите налагаат нивно задржување, на пример за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ја реализираме нашата дејност во врска со услугите кои ги нуди АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје.
Може да собираме некоја од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон ,електронска пошта и потпис.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
– преку Вашето користење на нашата Веб страна
– преку нашата електронска пошта info@posta.com.mk
– преку пошта
– во поштенски единици
Категории на корисници на личните податоци
Активностите за обработка на личните податоци се извршуваат од страна на вработени кои се одговорни и овластени за овие услуги или лица задолжени за извршување на предметните активности.
Ние не споделуваме податоци за Вас на трети лица, освен во следните случаи:
-по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само во случај ако постои законски основ за тоа.
-во случај на ангажирање на даватели на услуги како обработувачи во согласност со Законот за заштита на лични податоци со што ќе бидат обврзани да постапувааат по упатствата добиени од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје и да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме за Вас се чуваат и употребуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Вашите лични податоци ги чуваме само онолку колку што е потребно, Колку долго се потребни податоците, зависи за што се користат, како е наведено во оваа политика за приватност и планот и листите согласно прописите за архивски материјал.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработка на личните податоци се:
– право да бидете информирани за обработка на личните податоци
– право на пристап до личните податоци
– право на исправка и бришење на личните податоци
– право на ограничување на обработката на личните податоци
– право на приговор
За дополнителни информации или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Дарко матески на следниот е.м. darko.mateski@posta.com.mk / тел.. 02/3105122
Доколку субјектот на личните податоци не добие одговор на доставеното барање за остварување на неговите права од Законот за заштита на личните податоци има право да се обрати (да поднесе барање) до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Политиката за приватност се објавува на веб страната на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје (www.posta.com.mk)
Промена на Политиката на приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активности, согласно закон.
АД„Пошта на Северна Македонија“- Скопје