Share the post "Делегација од Словенска пошта ја посети Македонска пошта"
Денеска 21.06.2017 година претставници од Словенска Пошта ја посетија Македонска Пошта.
Делегацијата во состав, г-дин Маријан Освалд директор за меѓународни односи и г-дин Франц Предикака советник на менаџментот на Словенска Пошта се сретнаа со генералниот директор на Македонска Пошта г-дин Фаадис Реџепи и другите негови соработници.
Господин Реџепи го изрази своето задоволство од посетата на претставниците од Словенска пошта и потенцираше дека ова е уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка.
На состанокот беа дискутирани повеќе теми и сфери во кои може да се развие соработката, а посебен акцент беше ставено на искуството што ја има Словенската Пошта и Царинска Управа на Словенија во поедноставување на процедурите за Царинење на пратките од интернет продажбата.
Претставниците од Словенска Пошта уште еднаш ја изразија нивната спремност до настапуваат заедно со Македонска Пошта на пазарот во Македонија и Регионот со услугите на хибридна пошта.
Господинот Реџепи од гостите побара поддршка и стручна помош во користење на можностите и финансиските фондови што ги овозможуваат Светски Поштенски Сојуз PostEurop и Европска Комисија.
За истото тие изразија целосна спремност и поради фактот дека господинот Маријан Освалд е член на Управен Одбор на Светски Поштенски Сојуз.
Претставниците од Македонска Пошта и Словенска Пошта се сложија во блиска иднина да издават и заедничка поштенска марка.