Share the post "Промоција на поштенска марка „75 години од отворањето на првите основни училишта на албански јазик во Македонија“"
Денес во Институтот за културно и духовно наследство на Албанците беше промовирана поштенската марка посветена на „75 години од отворањето на првите основни училишта на албански јазик во Македонија“
Поштенската марка ја промовираше генералниот директор на Македонска пошта г. Фаадис Реџепи кој во оваа прилика истакна: „Отворањето на првите основни училишта на албански јазик во Македонија пред точно 75 години не треба никогаш да падне во заборав, бидејќи не потсетува на трудот на нашите предци да имаме учители и училишта на албански јазик.
Токму овие настани треба да претставуваат мисија и обврска за идните високообразувани генерации. Овие први училишта во тетовскиот и гостиварскиот крај ја претставуваат денешната основа за создавање на квалитетни кадри кои во процесот на образование ја формираат основната мисла дека, квалитетното образование треба да претставува наша единствена цел.
Вистинската вредност на наставникот не е детерминирана со тоа што знае, ниту пак со неговата способност да го пренесе она што го знае, туку да ја стимулира желбата кај другите да знаат. Сигурен сум почитувани присутни дека токму оваа премиса, ги водела првите генерции и нивните учители да успеат во намерата да ја разбудат кретивнаста на изразувањето на својот мајчин јазик“, заклучи генералниот директор Реџепи.
За значењето на 75 – годишнината од отворањето на првите основни училишта на албански јазик во Македонија“ говореше и директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците г.Скендер Асани и проф. Неби Дервиши.
Поштенската марка издадена е во тираж од 7000 примероци, со номинална вредност од 50 ден., а автор е Лоран Куфало од Бирото за филателија на Македонска пошта.