Почнувајќи од денес 12 април па се до 18 април 2016 година Македонска пошта ќе биде дел од 28-от Меѓународен саем на книгата на кој ќе учествуваат повеќе од 70 издавачи. Со своето учество на Меѓународниот саем на книгата Македонска пошта го дава својот придонес и поддршка на издавачката дејност, со цел поттикнување на младата популација што е можно повеќе да чита и да ужива во добрите наслови. Поради тоа, Македонска пошта за сите читатели кои ќе купат книга на Саемот нуди специјален саемски попуст. Книгите купени на Саемот треба да се донесат на штандот на Македонска пошта кој се наоѓа во хала 1 – галерија и за само 50 ден. нашите пошторазнесувачи преку EMS брзата пошта ќе ги достават до назначената адреса на цела територија на Република Македонија. Исто така, Македонска пошта ќе овозможи и бесплатна достава на 800 книги, во времетраење на Саемот.
Саемскиот попуст на Македонска пошта за испраќање на книга преку EMS брзата пошта на целата територија на Република Македонија изнесува од 55% до 75% . Покрај тоа, на штандот на Македонска пошта ќе бидат изложени и најновите изданија на поштенски марки на Бирото за филателија.