Потпишан Меморандум за соработка со Пошта Косово и Договор за издавање на заедничка поштенска марка
Поштенските управи на Македонска пошта и пошта Косово денес на 10 март 2016 год. потпишаа Договор за соработка во поштенскиот сообраќај и Договор за издавање на заедничка поштенска марка на тема „Планински туризам“.
На церемонијата на потпишувањето генералниот директор на Македонска пошта г.Фаадис Реџепи истакна „Потпишувањето на овој Меморандум за соработка помеѓу нашите две поштенски управи нека претставува нов импулс за идна посеопфатна и продлабочена соработка.
Дозволете ми почитувани, со вас, да ги споделам заедничките вредности кои ги делиме како соседи, пријатели и соработници.
Секојдневно, ние поштенските управи, се соочуваме со нови предизвици, а одржливиот развој стана суштински елемент за поштенскиот развој. Тоа придонесува за подобрување на односите со корисниците, развој на нови пазари, унапредување на личниот развој на вработените и подигање на свеста за социјални и еколошки прашања како општествено одговорни компании.
Во овој дел, дозволете ми да го потенцирам значењето на филателијата за двете поштенски управи, што може да претставува одраз на заедничка мисија за соработка и развој на нови филателистички производи со различни теми и мотиви. Бидејќи, поштенските марки претставуваат универзален јазик за комуникација. Пример за ова што го говорам е потпишувањето на денешната Спогодба за издавање на заедничка поштенска марка на тема „Планински туризам“.
Пред присутните се обрати и генералниот директор на Пошта Косово г. Сејди Хоџа кој рече: „Македонска пошта и пошта Косово се пример за соработка и за другите институции во нашаите држави . На овој начин ние практично ги покажавме нашите европски вредности на комуникација и взаемна соработка . Ова несомнено ќе продолжи и во иднина.
Македонска пошта е една од првите во регионот која воспостави соработка со Пошта Косово. Ние нема да ја заборавиме ова поддршка , ќе создадеме можности нашите поштенски администраци да организират средби, семинари, и заеднички конференции со цел, размена на искуства .