Правилното адресирање на пратките е предуслов за брзо и точно доставување. Адресата на пратката мора да биде читлива и јасна и треба да ги содржи сите потребни податоци. Адресата на примачот треба да биде испишана или означена на десниот дел на адресната страна и мора да биде паралелна со нејзината подолга страна. Податоците во адресата на пратката мора да бидат назначени еден под друг по следниов редослед:
Редослед на податоци во адресата на пратката назначена за примач со куќна адреса
Прв ред – име и презиме или назив на примачот.
Втор ред – улица и куќен број (на пр. Даутица 12 или Даутица 12А); број на влез, кат, број на стан (треба да се назначат само ако е потребно).
Трет ред – населено место (село, населба или град). Ако називот на населеното место е ист како и називот на поштенската единица, населеното место не е задолжително да се пишува во адресата.
Четврти ред– поштенски број и име на доставна пошта. (прво се пишува поштенскиот број, потоа се остава празно место па се пишува називот на одредишната поштенска единица, без скратување на името)
Редослед на податоци во адресата на пратката назначена за примач корисник на поштенски преградок
Прв ред – име и презиме или назив на примачот.
Втор ред – населено место (село, населба или град).
Трет ред – број на поштенски преградок
Четврти ред – поштенски број и име на доставна пошта. (прво се пишува поштенскиот број, потоа се остава празно место па се пишува називот на одредишната поштенска единица, без скратување на името)
ПРАВИЛНО АДРЕСИРАЊЕ |
Претпријатие д.о.о.
нас. место (село, населба, град)
Поштенски фах 421
1001 Скопје |
Претпријатие д.о.о.
нас. место (село, населба, град)
Поштенски фах 21
1020 Скопје |
Претпријатие д.о.о.
нас. место (село, населба, град)
Поштенски фах 21
7500 Прилеп |
- За пратките адресирани во меѓународниот сообраќај под последниот адресен податок мора да се назначи и името на одредишната земја.
- Испраќачот е должен, освен адресата на примачот, да ја означи или испише и својата полна адреса на препорачано писмо, вредносно писмо, пакет и пакет со означена вредност.
- За централното подрачје на град Скопје доставата е организирана преку 6 (шест) доставни пошти при што во адресата треба да стои следниот поштенски број и име на доставна пошта :
- 1000 Скопје (општина Аеродром, Центар, Кисела Вода)
- 1010 Скопје Чаир (општина Чаир и Бутел)
- 1020 Скопје Карпош (општина Карпош)
- 1040 Скопје Маџари (општина Гази Баба)
- 1050 Скопје Драчево (општина Кисела Вода ( населено место Драчево) и
- 1060 Скопје Ѓорче Петров ( општина Ѓорче Петров и Сарај)
За останатите населени места кои влегуваат во доставното подрачје на град Скопје и низ Републиката поштенскиот број и име на доставната пошта може да го пронајдете во Пребарувачот подолу, со едноставно внесување на називот на населеното место за кое Ви се однесува пратката.