Посета од страна на високи претставници на Тему
Би сакале да Ве информираме дека повторно се појавија лажни страни на #ПоштаМКД на социјалната мрежа Фејсбук.
Единствената официјална ФБ страна на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ е директно достапна на следниот линк: https://www.facebook.com/postamkd. Оваа страна е јасно истакната и во делот на социјалните медиумите на официјалната веб страна на #Пошта: www.posta.com.mk
Секое друго неовластено претставување и застапување во име на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи претставува класична злоупотреба и предмет на кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас сега и претходно веднаш се документираат и доставуваат до МВР на понатамошно постапување.
Потенцираме дека Пошта во моментов не организира никакви наградни игри, ниту побарува било какви лични податоци од граѓаните на социјалните мрежи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта до нас или директно до Министерството за внатрешни работи.
Related posts