Брза пошта ЕМС на Македонска пошта е високопрофесионална услуга која на своите корисници им нуди најбрз, најквалитетен и најсигуирен пренос на поштенски пратки во земјата и странство, согласно прописите и предвиденитре рокови за пренос.
Приемот на ЕМС пратки се врши:
- со повик на телефонскиот број 15000 за територијата на град Скопје
- со повик на телефонските броеви за цела територија на Република Македонија
- со предавање на ЕМС пратки на шалтер во сите пошти на цела територија на Република Македонија
Брзата пошта ЕМС нуди прием, пренос и достава на ЕМС пратки „Ден за ден“ и „Денес за утре“ со рокови на врачување:
- 3 часа за услугата „Ден за ден“ во Скопје
- до 12 часа за услугата „Ден за ден“ на цела територија на Република Македонија
- до 12 часот наредниот работен ден за услугата „Денес за утре“
Кол центарот во ЕМС службата на Македонска пошта достапен е за сите корисници секој работен ден од 07:00 до 20:00 часот.
ЕМS во меѓународен поштенски сообраќај
Express Mail Service (EMS) во меѓународниот поштенски сообраќај е услуга која овозможува во најкраток временски рок достава на пратки во меѓународниот сообраќај по пристапни цени.
Информациите поврзани со експресниот пренос на пратки во меѓународниот поштенски сообраќај можете да ги добиете со повик во нашиот Кол центар на телефонскиот број 15000.
Поопширно за ЕМС услугата на линкот на:
- Служба за шпедиција (адреса со податоци на кој корисниот може да види кои документи се потребни за испраќање на ЕМС меѓународна пратка)
- Сектор за маркетинг (калкулатор со ценовник за внатрешен и меѓународен сообраќај).
Информации за ЕМС пратките се добиваат на телефонските броеви 02-2461-902 и 02 -2401-649 .
Работното време е во две смени, од 07:00-14:00часот и од 13:00-20:00 часот, недела и празници не работиме (во моментов е вонредна ситуација и имаме раб. време од 07:00 -17:00 часот-една смена од пон – пет).