Платите на вработените зголемени за десет проценти

Основната бруто плата на вработените на Пошта на Северна Македонија  ќе се зголеми за 10%, почнувајќи со исплата на платата за месец септември 2023 год. Ова беше решено на денешната седница на Управниот одбор во согласност со одлуката за усогласување на Колективниот договор  на Компанијата со член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор.…

Поштенски единици кои работат на ден 28 август 2023 (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

На ден 28 август 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), неработен ден за припадниците од православна вероисповед, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл. Весник 21/98 и 18/07),  АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје организира работење на поштенски единици во надлежност на следните подружници: – ЦРПС Скопје 1; – ЦРПС…

Известување

Почитувани корисници,   Ве известуваме дека АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје, согласно добиеното одобрување од Агенцијата за пошти на Република Северна Македонија (Решение УП.I.бр.02-99 од 11.08.2023 година), изврши промена на цените за поштенските услуги кои ги обезбедува во опфатот на универзалната услуга во меѓународниот поштенски сообраќај.   АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, согласно…

Промоција на поштенска марка „75 години од раѓањето на Арбен Џафери“

По повод 75 години од раѓањето на Арбен Џафери, Пошта на Северна Македонија издаде поштенска марка. На промоцијата беше поканет Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, како и министри, заменици и пратеници. Генералниот директор на Пошта на Северна Македонија, м-р Бујаре Абази која ја промовираше марката,  истакна:„ Не можеме да ја заборавиме политичката посветеност…

„Луран Ахмети 1974 – 2021“ – промоција на поштенска марка

Ахмети е еден од најталентираните актери на Албанскиот театар, кој зад себе остави длабоки траги преку ликовите кои ги толкуваше, како на театарската сцена, така и на филмското платно, рече во своето обраќање пред присутните генералниот директор Бујаре Абази, промовирајќи ја поштенската марка посветена на актерот Луран Ахмети. Величествениот, Румелија, Долина на волците, Бал-кан-кан“,Тејкен2“, Лимоната, …

Известување до корисниците за работното време на поштенските единици

Почитувани корисници,

Работно време на поштенските единици на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје можете да го видите на следниов линк: Работно време на поштенски единици.

Ви препорачуваме, пред посета на некоја од поштенските единици да го проверите работното време на истата.

Воедно Ви напоменуваме дека работното време со корисници е истанкато на влезните врати на поштенските единици.

Промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“

Во рамки на одбележување на 60 годишнината од скопскиот земјотрес, денес во просториите на УНДП беше промовирана поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“. Поштенската марка ја промовираа постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и генералната директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Бујаре Абази. „Живееме во град на солидарноста, град кој е изграден…

Учество на меѓународна филателистичка изложба „Нитрафила“ 2023

На 3 јули 2023 год., во Нитра, Словачка, беше отворена меѓународната филателистичка изложба „Нитрафила 2023“, под наслов „Константин – Кирил, Методиј и Европа“. Настанот се организира како дел од манифестацијата за чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Словачка,  кој се одбележува на 5 јули 2023 год. На изложбата Република Северна Македонија имаше посебно…