Дваесетичетири часовно работно време на поштата во Градскиот трговски центар и на аеродромот Александар Велики

Ве известуваме дека поради фудбалскиот СуперКуп во периодот од 07.08.2017 год. до 09.08.2017 год., а по барање на МВР Скопје,  АД „Македонска пошта“ ќе организира  дваесетичетири часовно работно време на поштенските единици 1106 Скопје 6, лоцирана во централното градско подрачје, односно во Градскиот трговски центар и поштенската единица 1128 Скопје 28 која се наоѓа на аеродромот Александар Велики.

Македонска Пошта ги зголемува своите капацитети со набавка на нови технолошки возила

Македонска Пошта набави 24 пикап возила и 3 фургони со носивост oд 2 дo 2.5 тони. Оваа иневстиција е битна за обавување на технолошкиот процес во Македонска Пошта и претставува значително зголемување на капицитетите на компанијата. Со ова набавка ќе се подобри квалитетот на поштенските услуги, преку директното олеснување на фазата на транспорт на поштенските…

Известување по повод написи во медиумите „Македонска пошта“ ги уценува вработените за регрес за годишен одмор

Почитувани, Македонска пошта е општествено одговорна компанија која води сметка за јавното добро, а заедно со тоа води особена грижа и за своите вработени, нивната благосостојба, свесни дека вработените се една од најважните алки за нормално работење и развој на компанијата, а бенефитите од тој развој на крај пак ќе бидат за вработените и општеството.…

Известување до корисниците на поштенски услуги по повод објавите на одредени веб портали

Задоволството на нашите корисници ни е на преден план и затоа ги повикуваме сите незадоволни корисници да поднесат рекламации до Македонска пошта,  која можат да ја направат и преку Веб страната на компанијата, со цел без предрасуди и прејудицирања за вина на Македонска пошта, реалноста да ја извадиме на виделина. Постојано сме на страната на…

Одбележан 22 април – денот на поштенските работници

rsz_foto_2

Со пригодна свеченост, денес беше одбележан 22 април, денот на поштенските работници на Македонија. По тој повод, генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи на 84 вработени кои поминале 15 и 30 години непрекинат работен стаж во компанијата им додели благодарници и еднократен паричен износ.

 

rsz_foto1   rsz_dsc_0416

Во Македонска пошта започна воведувањето на стандардите ISO 9001 и ISO 14001

Денес во Македонска пошта започна процесот на воведување ISO стандардите 9001 и 14001. Целта на воведување на стандардите е подобрување на системот за квалитет во компанијата кој ќе доведе до остварување на поставените цели во поглед на квалиетотот во работењето и давањето на квалитетни услуги, рече во своето воведно излагање генералниот директор Фаадис Реџепи. Воведување…

Претставници на Словенската Пошта во работна посета на Македонска Пошта

Денеска 17.03.2017 во официјална посета на Македонска Пошта престојуваа претставници на Словенска Пошта и фирмата ќерка на Словенска Пошта EPPS. Генералниот директор на Македонска Пошта г-дин Фаадис Реџепи на состанокот со делегацијата од Словенија предводена од г-дин Вили Хриберник -Генерален Директор на EPPS и г-ѓа Моника Зајц -Заменик на Генералниот Директор на EPPS, истакна дека…