АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, користи колачиња на нашата веб-страница www.posta.com.mk
Колачињата (Cookies) се мал сет на податоци што веб страницата ги складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот на веб страницата. Овие датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација, кога повторно ќе ја отворите веб – страницата. Овие датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер или мобилен уред и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во offline состојба), додека привремените колачиња се бришат веднаш, кога ќе го затворите интернет-пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример: за да се запомнат Вашите активности и преференции ( јазични преференции, големина на фонт или како да Ви се прикажува веб-страницата) за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб- страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
Зошто користиме колачиња (cookies) ?
На нашата веб – страница, користиме колачиња (cookies) од следните причини:
– За техничка функционалност на веб–страницата,
– За собирање збирни и анонимни статистички податоци,
– За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата, како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот,
– За маркетиншки цели,
– За да запомниме/ да се потсетиме дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на нашата веб страница.
Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб-страницата на АД„Пошта на Северна Македонија “- Скопје сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб–страница сте биле пренасочени.
Каков вид на колачиња (cookies) користиме?
- Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени:
– Основни колачиња (сесиски колачиња)
Сесиски колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеките на колачето на Вашиот интернет-пребарувач, додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа. Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб–страница. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности, како што е на пример, пополнување на формулар по електронски пат за добивање на услуга или производ кои ги нудиме, при враќање на претходната страница за време на истата сесија ( користење на „go-back“ опција).
-Функционални (постојани) колачиња
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници ( на пример: обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач, подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач.
Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот, секој пат кога некој ќе ја посети веб страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета.
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб–страница, како што се јазикот, приказот на веб-страницата, дали некоја услуга или производ Ви биле веќе понудени, за да не Ви се нудат повторно, информации за кои сте овозможиле одредена карактеристика на веб-страницата да функционира.(на пример: видео материјали и визуелизации).
2.Аналитички колачиња во кои се вклучени:
– Колачиња од трети страни
Овие колачиња се користат за аналитика и маркетинг. Тие прибираат информации кои се користат во збирна форма со што ни помагаат да разбереме како се користи нашата веб- страница или колку се ефектни нашите маркетинг кампањи или за да ни помогнат да ги приспособиме, веб-страницата и нашите апликации за да го подобриме користењето на истите. Колачињата можат да се користат во следните категории Google Analytics, Google Ads.
– Маркетинг колачиња
Овие колачиња можат да бидат поставени преку нашата веб-страница за да Ви се прикажуваат релевантни рекламни содржини. Овие колачиња не ги складираат директно Вашите лични податоци, туку имаат за цел да го идентификуваат Вашиот прелистувач или интернет уред. Овие колачиња можат да се користат на нашата веб-страница за прибирање информации во врска со производите и услугите кои сте ги пребарувале за да можеме да Ви обезбедиме содржини, препораки, реклами, соодветно на Вашите интереси, како и да ни помогнат во мерење на ефикасноста на рекламните маркетинг кампањи. Колачињата можат да се користат во следните категории: Facebook Pixel, Linkedin Pixel, Visitor_ INFO1_LIVE (Youtube)
Можете да ги избришете или контролирате колачињата ?
Информациите поврзани со колачињата, не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќање на овие колачиња не е неопходно за работа на веб-страницата, но истите Ви овозможуваат подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа, некои карактеристики на нашата веб-страница можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат во Вашиот компјутер и можете да ги нагодите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите, секој пат кога посетувате веб-страница, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалности.
Доколку не сакате да користите колачиња
Во случај да не сакате да користите колачиња, како што е наведено или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачињата, можете да ги избришете преку Вашиот пребарувач. Во продолжение се дадени примери на поставки за неследење „Do not track preferences“. Функцијата за неследење им овозможува на посетителите да не бидат следени од веб-страниците. Оваа опција е возможна на повеќе интернет пребарувачи, како што се на пример: ( Crome, Microsoft edge, Firefox, Safari, Opera).
Рок на задржување (траење) на колачињата
Категорија: Задолжителни (неопходни) колачиња
– сесиските колачиња, автоматски се бришат со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот.
– функционалните (постојани) колачиња, остануваат во датотеката на колачето на пребарувачот во временскиот период, кој зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач.
Категорија: Аналитички (статистички) колачиња
– колачиња кои се генерираат за аналитички цели при првата најава на нашите посетители, кои се зачувуваат само на уредот/пребарувачот каде се поставени – две години од моментот на нивното поставување
– колачиња кои се поставуваат на уредот за да овозможат да се користи услугата Google Analytics и податоци за тоа како посетителите ја користат веб-страницата, заради креирање аналитички извештаи за тоа како работи веб-страницата – еден ден од моментот на нивното поставување
АД „ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“- Скопје