70 години НАТО на поштенска марка на Македонска пошта
Македонска пошта денес ја промовираше поштенската марка посветена на 70 годишнината од основањето на НАТО.На овој настан на кој присуствуваше заменик претседателот на Владата Радмила Шеќеринска,директорот на Македонска пошта Ејуп Рустеми кажа: ” со промовирањето на оваа поштенска марка Северна Македонија станува дел од одбележувањето на овој битен јубилеј на Северноатланската алијанса“.
Пристапувањето во НАТО и Европската Унија е еден од основните врдности на иднината на нашата земја.Поаѓајќиод овие вредности,кон кои чекори нашата земја,Македонска пошта новата марка ја посветува на 70 годишнината од формирањето на Северноатлантската Алијанса,станувајќи дел од прославата на оваа значајна годишнина.
Спроведувањето на Преспанскиот договор и го отвора на нашата земја патот кон западните вредности,и Северна Македонија за многу кратко време ќе добие столче во Северноатлантското семејство-кажа Рустеми.Тој истакна дека НАТО е платформа за обединување на народите и заедничка акција за подобра иднина.
Алијансите исто како и писмата и поштенските пратки воспоставуваат мостови и комуникации помеѓу луѓето и народите.
Поаѓајќи од овие премиси и Македонска пошта го дава својот придонес кон годишнината преку издавањето на поштенската марка “70 години од основањето на НАТО”, оставајќи траги во годината ,која ја именуваме како година на НАТО.
Поштенската марка “70 години од основањето на НАТО “ ќе испрати порака низ целиот свет дека мирот и развојот се вредности за кои вреди да се бориме,рече директорот Рустеми.
Тој понатаму истакна дека Македонска пошта и во иднина ќе продолжи да се ангажира и работи нејзините услуги да се приближат до стандардите на земјите членки на НАТО и Европската Унија.
Заменик претседателот на Владата Радмила Шеќеринска во своето обраќање ја истакна важноста на зачленувањето на нашата земја во НАТО,потенцирајќи ги постигнувањата и реализираните реформи.”За нас овие вредности не се само зборови на хартија.Тие го претставуваат развиениот западен свет,за кои се залагаме веќе три децении.Ова е свет во кој секоја личност е важна,слободна,сигурна и заштитена .Ова е светот кон кој нашата земја се стреми веќе три децении и ова е целта на која сме посветени, но и цел која не зближи во текот на годините.Свет кој со години беше желба,но сепак стана реалност”, кажа меѓу другото Шекеринска.