Share the post "Промоција на поштенска марка посветена на „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“"
Почитувани присутни,
Како претставник на Поштата на Северна Македонија имам особена чест на овој собир да ја промовирам поштенската марка со ликот на Гоце Делчев.
Нашата пошта ја објавува марката како дел од годишната програма за издавање на поштенски марки, во годината кога ја чествуваме 150-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев, апостол на македонскиот народ.
Идејното решение на марката е изработено од дизајнерот Лоран Куфало. Марката е отпечатена во тираж од 6000 примероци и 200 пригодни пликови, а целиот процес од идеја до реализација беше во координација со претставникот на Институтот за национална историја, проф. д-р Александар Литовски, кој е и член на Советот за издавање на поштенски марки при Поштата на Северна Македонија.
Во овој момент, објавувањето на оваа марка е од исклучително значење за нас, но и за македонската држава и македонскиот народ, бидејќи со нејзиното користење во секојдневниот поштенски сообраќај на нашите корисници, ќе се предизвика голем интерес кај помладите генерации да се дознае повеќе околу животот и делото на великанот Гоце Делчев и да се продолжи повеќе децениската традиција на негување на споменот на големиот Гоце.
Ви ја претставуваме, нашата, а од денес и Ваша марка со ликот на Гоце Делчев, која стои овде пред вас.
Благодарам