Врз основа на Одлука на Управен одбор за расходување на основни средства бр.0201-1024/19 од 28.09.2016 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За оттуѓување на 25 половни возила по пат на продажба со вкупна проценета вредност од 10.880 EUR (без ДДВ) за кои деталите се објавени на веб страната на Македонска пошта www.posta.com.mk
Право на купување со доставување на понуди имаат сите заинтересирани правни и физички лица кои до почетокот на отварањето на понудите ќе уплатат 5% учество од вкупната проценета вредност ( 544 ЕУР во денарска противредност по курс 61.70) во корист на Македонска пошта на сметка 370016010016771 депонентна банка Еуростандард банка. ДДВ од 18% и трошоците за нотарски заверки и сл. се на товар на купувачот.
Понудената цена без ДДВ на учесниците не може да биде пониска од вкупната проценета вредност на возилата. Заедно со понудата се доставува и вирманот од извршената уплата, во спротивно понудата нема да биди предмет на разгледување.
Понудите се доставуваат во архивата на АД Македонска пошта –Скопје на ул.Орце Николов бр.46 најдоцна до 09.10.2018 година до 12 часот во затворен плик со назнака ,,НЕ ОТВАРАЈ,ПОНУДА ПО ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОДАЖБА НА СТАРИ ВОЗИЛА,,.
Сите заинтересирани кои сакаат да ги видат возилата, тоа можат да го направат на ден 03.10.2018 година од 10-11 часот во Македонска пошта ул Никола Карев бр.22 Скопје.
Продажбата се врши по принципот ВИДЕНО-КУПЕНО без право на дополнителни забелешки.
Понудите пристигнати после крајниот рок нема да бидат предмет на разгледување при отварањето на понудите.
Од страна на комисијата ќе биде избран за најповолен понудувач, понудувачот кој дал нависока понудена цена за сите возила. Избраниот купувач има обврска да го доплати остатокот до понудениот износ зголемен за ДДВ во рок од три дена од приемот на известувањето за извршениот избор.
Продавачот има право да не му го врати уплатеното учество на најповолниот понудувач доколку тој не изврши доплата во предвидениот рок или доколку ја повлече доставената понуда по крајниот рок на достава на понудите.
Подигањето на возилата е во рок од пет дена по потпишувањето на договорот.
Уплатениот износ како учество на останатите учесници ќе им биде вратен во рок од десет работни дена по отварањето на понудите на жиро сметката на правното лице, односно на трансакциската сметка на физичкото лице од која е уплатено.
Контакт телефон: 078/392-709 Игор Ливринов