Македонска пошта на корисниците на поштенски услуги им нуди квалитетна, брза и евтина шпедитерска услуга.
Доколку сте правен субјект, треба да пополните полномошно и да ни доставите копија од тековната состојба, не постара од шест месеци.
За физичките лица, царинењето на пратките се врши согласно Законот за царинење на Република Македонија..
Користете ги шпедитерските услуги на Македонска пошта затоа што сме:
Брзи – ја следиме вашата пратка од прием до достава и први доаѓаме до информацијата за доставената пратка. Доставете ни ја целосната документација во претпладневните часови и пратката ќе ви биде царинета истиот ден. Доколку сте од Скопје пратката можеме да ви ја доставиме на вашата адреса следниот работен ден. Пратките за останатите градови во Р. Македонија ќе ве чекаат следниот ден во локалната пошта од 07 часот.
Едноставни во комуникацијата – доволно е еднаш да ни доставите полномошно во нашите канцеларии во:
ГЦПС Подружница Скопје 2 под Железничката станица или да го испратите по пошта на адреса: Македонска пошта, Служба за увоз, извоз и шпедиција, поштенски фах 313, ГЦПС Подружница Скопје 2, 1000 Скопје. Потоа комуникацијата се одвива на тел.02 240 16 88, тел/факс. 02 240 16 89, факс. 02 240 16 90 или на електронска адреса spedicija@posta.com.mk. Нема потреба од губење време низ скопските гужви, барање паркинг. Јавете се, ви стоиме на услуга.
Најповолни – квалитетот и најповолните цени се на наша страна за што зборува бројот на задоволни корисници во текот на нашето 19 годишно постоење. Бидете и вие дел од нив.
Повелете да соработуваме!