Големите потреби бараат иновативни решенија. Хибридната пошта е дизајнирана токму за клиенти со големи потреби и нуди пакет на услуги кој опфаќа:
- Електронски прием на податоци
- Подготовка и изработка на обрасци
- Печатење на персонализирани документи (сметки – фактури, разни форми на писмени соопштенија,опомени,рекламно-промотивни соопштенија, пензиски чекови, банкарски извештаи и др. )
- Ковертирање на испечатените документи
- со коверт (со и без додаток )
- со оформување коверт од самиот документ
- Доставување
ПРЕДНОСТИ НА ХИБРИДНА ПОШТА
- Брзина и сигурност на услугата
- Висок квалитет на финалниот производ
- Намалување на трошоците на работењето
- Клиентите што ги користат услугите на хибридната пошта добиваат во време, ги штедат своите човечки ресурси, а сето тоа резултира со рационализација на трошоците. Од друга страна, впечатокот што оваа услуга го остава кај крајниот потрошувач е високата професионалност на фирмата-испраќач.
Затоа почитувани менаџери, не губете време, ресурси и пари!
Користете ја хибридната пошта за најбрз, најсигурен и доверлив начин на достава на вашите печатени материјали!
Едноставно
Доставете ги вашите податоци по електронски пат или на информатички медиум.
- Брзо
Системот на хибридната пошта е високо модернизиран. Обработените податоци се печатат со брзина од 700 А4-страници за една минута. - На располагање ви се форматите А3, А4, 2/3 А4 и 1/3 А4, еднострано или двострано печатени. Освен испечатениот материјал, при ковертирањето може да се вметнат и дополнителни флаери.
- Со најновиот Data-read систем Центарот за хибридна пошта нуди можност за автоматска контрола на сите излезени пратки преку системот за ковертирање врз основа на баркод. Со тоа се зголемува довербата во процесот на обработка на пратките (сметки, фактури, разни видови на известувања), при што клиентите можат да добијат и извештај за излезените пратки.