Share the post "Учество на Македонска пошта на 26-от конгрес на Светскиот поштенски сојуз во Истанбул"
Во период од 19-ти септември до 07 октомври 2016 година се одржа 26-от конгрес на Светскиот поштенски сојуз во Истанбул, Република Турција, на кој учествуваа и претставници од АД „Македонска пошта“.
Конгресот претставува највисок орган на Светскиот поштенски сојуз, кој се одржува на секои четири години, и на кој се собираат сите 192 земји – членки за да одлучат за новата светска поштенска стратегија и да ги постават идните правила за меѓународна размена на поштенските пратки.
Претставниците од поштенските управи на Конгресот, на седниците и комисиите гласаат по амандманите предложени од земјите – членки на Светскиот поштенски сојуз. На овој конгрес се гласаше и за одредени кандидатури на земји – членки за Административниот совет и Советот за поштенски операции на СПС. Работните групи на Македонска пошта дадоа свој придонес во донесувањето на голем број на клучни одлуки, кои се од особена важност за поштенското работење, врз основа на издадена акредитација од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
За време на траењето на Конгресот во Истанбул се одржаа и состаноци на генералниот директор на Македонска пошта со генералниот директор на Турска пошта при што се потпиша и Меморандум за соработка помеѓу овие две поштенски управи; состанок со генералниот секретар и други претставници од PostEurop, како и повеќе неформални средби со претставници од поштенските управи на повеќе земји (Турска пошта, Бугарска пошта, Албанска пошта, Ирачка пошта и др.), со генералниот директор на СПС и со повеќе проект менаџери од Меѓународното биро на СПС.