Share the post "Традиционален поштенски маратон под покровителство на Македонска пошта"
Поштенскиот маратон под покровителство на Македонска пошта и градот домаќин Прилеп, оваа година по вторпат ќе се одржи на 9-ти октомври, Светскиот ден на поштата. Ова е една од активностите на Македонска пошта за одбележување на меѓународниот поштенски ден и има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот.
Поштенскиот маратон е единствен во светот кој тематски е поврзан со поштенската дејност. Оваа година трките ќе бидат организирани во три различни категории од 5 км (трка), 21 км (полумаратон), 42 км (маратон) и детскиот маратон од 1км.
Од оваа година Првиот поштенски маратон е член на најголемата асоцијација за маратони во светот „Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина“ во која членуваат 400 маратонски трки од повеќе од 120 држави и територии во светот.
Годинешната целокупна стартарина уплатена од страна на учесниците ќе биде донирана во Фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што „Македонска пошта“ и целокупната заедница на тркачи на долги патеки се вклучува во хуманитарните активности за помош на населението во поплавените подрачја во скопскиот регион.