Share the post "Сребрен медал за Јана Поповска на 49 литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз"
Второ место и сребрен медал за Јана Поповска, претставничката на Пошта на Северна Македонија на 49–от литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз, организиран по повод 9-ти Октомври Светскиот ден на поштите.
Јана е нашата хероина, бидејќи за првпат во своето 49 годишно постоење претставник на Пошта на Македонија добива медал на Меѓународниот конкурс за млади на Светскиот поштенски сојуз. Награденото писмо на нашата Јана е едно од 1,2 милиони писма кои оваа година пристигнаа на Конкурсот во седиштето на СПС во Берн, Швајцарија.
Јана Поповска е ученичка во ООУ „Елпида Караманди“, Битола, а нејзин ментор е профсорката по македонски јазик Сузана Петковска.
Секое писмо блеска со иновативност и креативност, а тоа се квалитети кои постојат кај секое дете како и на кој начин тој или таа го гледа светот. Тоа е искра која не повикува внимателно да слушаме и да посветиме внимание. И оваа година победниците не се разликуваат од тоа, се зборовите на генералниот директор на Светскиот поштенски сојуз Хусеин Бишар.
Искрата во писмото на Јана е дел од оваа креативност и инвентивност и таа искрено не повикува да ја слушнеме и да посветиме внимание на она што не опкружува „ И самата не знаев дека се радувам и на училиштето во есен и тоа до неодамна, само до пред десетина дена, кога… се случи нешто многу необично! Училиштето ни се затвори. А и другите училишта, не само кај нас… Насекаде! Низ целиот свет. Рекоа: смртоносен вирус!
Не сакам светот околу нас да остане онаков каков што го оставивме пред десетина дена!? Ние, децата, сакаме разнобојни ливади, чисти потоци, зелени планини, разлетани птици. Сакаме сини езера и разбранувани мориња, сакаме здрав свет“.
Да го слушнеме гласот на Јана и светот заедно да го направиме подобро место за живеење. Јана е нашиот глас во Светот.
Првото место на Конкурсот го доби Волга Валчкевич од Белорусија, а третото место му припадна на Фан Хоанг од Витнам.
Искрени честитки на нашата претставничка Јана Поповска од вработените на АД „Пошта на Северна Македонија“.
ДОБАР ДЕН, ДОБАР ЧОВЕКУ линк за награденото писмо.