Врз основа на написите во некои од медиумите „Вработени од Македонски пошти ги крадат пратките од Али експрес?!, сакаме да ја информираме јавноста за следното:
Обичните пратки од интернет нарачки кои пристигнуваат во Р. Македонија, преку поштенскиот оператор Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта.
Ваквиот начин на обработка на обичните поштенски пратки од интернет нарачки се воведе со цел да се зголеми сигурноста на овие поштенски пратки и да се елиминираат сите сомневања за намерно или ненамерно губење на пратките од интернет нарачка во Македонска пошта.
Сите граѓани кои купуваат од странски продавачи, преку интернет, пристигнувањето на нивната пратка во Македонска пошта и реализирањето на доставата можат да го следат преку системот за следење на пратки на Македонска пошта, поставен на веб страната www.posta.com.mk
Остануваме и понатаму на страната на нашите корисници и ги охрабруваме за сите дилеми или незадоволства да не контактираат директно или преку доставување на онлајн рекламации на веб страната на Македонска пошта.